Затвори

24/7 поддршка на потрошувачи 02/ 321 59 80 Разговарајте со нас

Информации за цени!

Сите цени објавени на веб сајтот се со вклучен ДДВ.
За дополителни информации за производите контактирајте не на email: info@hpstore.com.mk

Политики на компанијата

Политики за користење на системот за електронска трговија
Со самиот пристап на интернет страницата за електронски услуги на ПроМедиа, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.


1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

ПроМедиа ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ПроМедиа не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

ПроМедиа ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ПроМедиа за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ ОД АСПЕКТ НА РОКОВИ И НАЧИН НА ИСПОРАКА, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ЛОКАЦИЈАТА НА ИСПОРАКА

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Нова Пошта на адресата која е наведена во порачката.

Плаќањето на производот што ќе биде порачан може да се плати електронски со картичка.

Производите кои се платени ONLINE ќе бидат испорачани на адресата која е наведена во регистрацијата на купувачот. Најдоцна за 48 часа (работни денови) од прием и потврда на уплатата (се смета следен работен ден) за Скопје или најдоцна за 3 дена (работни денови) од прием и потврда на уплатата (се смета следен работен ден) за останатиот дел од Македонија.

Трошоците за испорака за нарачки до 4.000 денари се 200 ден (важи за цела Македонија), додека за нарачки над 4.000 денари трошоците за испорака се 0 денари.

Калкулацијата за трошоците за испорака не е вклучена во креирањето на нарачката. Трошоците за испорака ги наплатува фирмата која ги испорачува производите.

Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за испорака.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

ПроМедиа ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Секоја промена на Политиките ќе биде објавена на интернет страницата на ПроМедиа.

Политиките за користење на системот за електронска трговија, ќе се објават на интернет страницата на ПроМедиа, www.hpstore.com.mk.

Дизајн и развој Visual Perspective Advertising - Водечки провајдер на графички и веб дизајн услуги во Охрид, Македонија.