💳 Начини на плаќање

Нарачајте лесно и платете како вам ви одговара:

  1. 💳 Со платежна картичка
    Поддржуваме MasterCard, Visa, Diners Club.
    Плаќањето се врши преку безбедната платформа на Халк Банка Скопје.

  2. 💵 Плаќање при испорака
    Платете во готово, директно кога ќе го добиете производот на ваша адреса (треба претходен договор).

  3. 🧾 Профактура при нарачка
    За деловни корисници и сите што сакаат фактура однапред – ќе ви пратиме профактура по е-пошта.

📩 По успешно плаќање добивате е-пошта со потврда и детали за нарачката.
🧾 Добивате и фискална сметка или електронска фактура во зависност од начинот на плаќање.


💰 Цени и данок

💡 Сите цени на страницата се изразени во македонски денари (МКД) и се со вклучен ДДВ.
📜 Според Законот за електронска трговија – Член 7, Став 3.


🔁 Враќање и замена на производи

📦 Кога ќе го примите производот од доставувачот:

  • ✅ Прво проверете дали пакувањето е неоштетено

  • ❌ Доколку забележите оштетување на пакувањето, не го преземајте производот

  • 🚚 Укажете му на доставувачот и побарајте враќање

⚠️ Ако се потпишете при приемот без да ја проверите амбалажата, се смета дека сте го презеле производот без забелешки


🧨 Ако пристигне оштетен уред:

📸 Направете слики од уредот + пакувањето
📩 Испратете ги веднаш на info@hpstore.com.mk, со бројот на вашата нарачка
⏱️ Реагирајте веднаш по приемот, за да може да ви помогнеме најбрзо


🔄 Ако сакате да го вратите производот по ваша желба:

  • 📦 Производот мора да биде неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување

  • 📑 Да ги содржи сите документи кои сте ги добиле

  • 📧 Испратете писмена изјава со причината за враќање на: info@hpstore.com.mk

💸 Во тој случај, ќе ви биде одбиен износ од 200 денари (со ДДВ) за трошок на испорака.


📝 Без разлика на причината за замена или враќање:
📧 Прво не информирајте со писмена изјава по е-пошта, за да можеме соодветно да постапиме.