ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

FAQ

Како да го најдам вистинскиот тонер за мојот принтер?

Во горниот среден дел на сајтот искористете ја опцијата „пребарување на цел сајт...“. Впишете го точниот модел на вашиот принтер, резултатот што ќе го добиете од пребарувањено ќе ви ги предложи можните опции на производот кој што е компатибилен со вашиот уред. Доколку Ви е потребна дополнителна помош контактирајте не на email: info@hpstore.com.mk или на тел. 02/ 321 59 80

Колку изнесува трошокот за испорака?

Трошоците за испорака за нарачки до 4.000 денари се 200 ден (важи за цела Македонија), додека за нарачки над 4.000 денари трошоците за испорака се 0 денари.

Што во случај на проблем со купен производ од нашата продавница?

Доколку производот е подложен на гаранција, со самиот производ ќе добите пополнет Гарантен лист и упатство за остварување на правото на гаранција. Поправката или замената на производите (зависно од типот на производот) се врши во овластените сервиси за ХП во Македонија назначени на гарантниот лист. Доколку се случи проблем во првите 7 дена по превземање на производот, за производ кој е подложен на гаранција, производот се заменува за нов по контатирање на негова неисправност од овластениот сервис (потребно е да се приложат сметката, гарантниот лист и пакувањето). Секако дека за сите проблеми со производите, нивната инсталација и корстење Ви стоиме на располагање и може да не контактирате на email: info@hpstore.com.mk или на телефоните: 02/ 321 5980, 321 5981

Гаранција на производите...

Доколку производот е подложен на гаранција, со самиот производ ќе добите пополнет Гарантен лист и упатство за остварување на правото на гаранција.
Поправката или замената на производите (зависно од типот на производот) се врши во овластените сервиси за HP во Македонија назначени на гарантниот лист. Повеќе..

Кантактирајте не за секое прашање