HP Monitor Series 5: Совршен избор со моделите 524sf и 524sh
HP Monitor Series 5: Водич за моделите 524sf и 524sh
Кога зборуваме за монитори за секојдневна работа, учење и забава, брендот HP е меѓу најчесто одбираните од корисниците ширум светот. Со својата 5, компанијата HP нуди комбинација од модерен дизајн, одличен квалитет на слика и технологии за заштита на очите. Во овој блог ќе ги разгледаме два популарни модели – HP 524sf monitor и HP 524sh monitor – и ќе откриеме зошто се одлична инвестиција за 2025 година.
Сè што треба да знаете за HP монитори од Серија 5:
Дизајн и естетика
И двата модели од ХП Монитор Серија 5 доаѓаат со тенка micro-edge рамка која обезбедува максимална видливост и изгледа одлично во dual-monitor поставки. Благодарение на својата компактна големина од 23.8 инчи, овие 2 модели се практични за канцелариски бироа и домашни работни маси.
Разликата е во ергономијата:
-
524sf нуди прилагодување на наклон од –5° до +25°.
-
524sh оди чекор понатаму со целосна ергономија – подесување на висина, наклон и ротација, што е голема предност за корисници кои работат со часови пред екран.
Квалитет на слика
И 2та модели имаат IPS Full HD (1920×1080) екрани со 99% sRGB покриеност. Ова значи точни и живописни бои, без разлика дали работите на графика, презентации или едноставно гледате филмови.
-
Осветлување: 300 нити – доволно светло за канцеларија или домашни услови.
-
Контраст: 1500:1 за подобра длабочина на црните тонови.
-
Агли на гледање: 178°/178° благодарение на IPS панелот.
-
Стапка на освежување: до 100 Hz – поголема мазност при движење на курсор, скролување и при гледање видео.
-
Време на одговор: 5 ms GtG (со overdrive), што е доволно за продуктивност и casual gaming.
Заштита за очите
HP е познат по технологиите кои ја подобруваат удобноста при долг престој пред екран.
-
HP Eye Ease со Eyesafe® сертификација: филтрира штетна сина светлина без да ги нарушува боите.
-
Flicker-Free: елиминира треперење за стабилна слика.
-
Anti-glare премаз: спречува отсветлувања од прозорци и ламби.
Овие карактеристики ги прават и “sf” и “sh” одлични за студенти, канцелариски работници и сите што поминуваат повеќе од 6-8 часа дневно пред монитор.
Конективност
Двата модели нудат комбинација од HDMI 1.4 и VGA порти – доволно практично за поврзување со современи лаптопи, десктопи и постари системи. Дополнително, имаат Works With Chromebook™ сертификација, што гарантира компатибилност со ChromeOS.
Софтверски, преку HP Display Center лесно се управува со прилагодување на слика, профили за бои и поделба на екранот.
Одржливост и енергетска ефикасност
HP во Series 5 сериозно вложува во одржлив дизајн:
-
Користи рециклирана пластика, вклучувајќи и ocean-bound пластика.
-
Пакувањето е од 100% одржлив материјал.
-
Енергетска потрошувачка: типично 16 W, максимум 20 W и само 0.5 W во standby.
Ова ги прави моделите не само добар избор за корисниците, туку и за животната средина.
Разлики меѓу HP 524 sf и sh
| Карактеристика | HP 524sf monitor | HP 524sh monitor |
|---|---|---|
| Ергономија | Само наклон (–5° до +25°) | Подесување на висина, наклон и ротација |
| Звучници | Нема | Нема |
| Монтажа (VESA) | Нема | Поддршка за VESA |
| Целна група | Корисници со ограничен буџет и простор | Професионалци и корисници со повисоки ергономски барања |
Кому му одговараат овие монитори?
-
👨💻 Канцелариски работници и студенти: 23.8” е „сладка точка“ – доволно простор, но компактно.
-
🎨 Креативци и маркетери: IPS и 99% sRGB гарантираат точни бои за дизајн и содржина.
-
🎮 Casual гејмери: 100 Hz освежување и 5 ms одговор се доволни за повеќето игри.
-
🌱 Еколошки свесни купувачи: со рециклирани материјали и енергетска ефикасност, придонесуваат за одржлива технологија.
Недостатоци
Ниту еден од моделите нема вградени звучници – потребно е дополнително аудио решение. Исто така, sf нема VESA монтажа, што може да биде проблем ако сакате wall mount или monitor arm.
Гаранција
И двата 24inch модели доаѓаат со 3-годишна HP гаранција, што е повеќе од индустрискиот стандард и додава сигурност за корисниците.
Заклучок
Ако барате модерен и квалитетен монитор кој ќе ги задоволи вашите потреби за работа и забава, HP серија 5 е одличен избор.
-
sf верзијата е поедноставна, но достапна верзија – совршена за оние кои сакаат баланс помеѓу цена и квалитет.
-
sh верзијата додава ергономска флексибилност и VESA монтажа, што ја прави подобар избор за професионални и напредни корисници.
Без разлика кој модел ќе го одберете, со мониторите на ХП Серија 5 добивате комбинација од стил, удобност и сигурност – решение што ќе ви трае долги години.
Овие модели се достапни на нашата HP Store Online страница и тоа на следните линкови:

